Писмо од Палчо до Кренар Лога: „На денот на моето апсење барав да бидам екстрадиран, одолговлекувавте поради изборите“

16

Во ракописот за кој се тврди дека е на Палчо, Палевски тврди дека сакал да биде екстрадиран од Турција уште во декември, но дека министерот не сторил ништо за да го овозможи тоа, а дека „пресметките на коалициските партнери за изборите“ ја одложиле екстрадицијата.

„Уште од првиот ден на моето апсење во Турција, 5 декември 2023, од суот во Баликесир барав веднаш да бидам екстрадиран во Македонија и од 17 јануари 2024 година турските власти чекаа на македонските правосудни органи за да почне процедурата за мојата екстрадиција“, се вели во писмото.

Според Министерството за правда, пак, Македонија на 7 декември 2023 година до Турција испратила барање за екстрадиција на Палевски.

„Партиското барање и задача од Вашиот коалициски партнер да ме држите далеку од Македонија за време на изборите, најблаго кажано е Европско „прогресивно “лицемерие, но и кршење на Закон и мои елементарни човекови права!“, му се обраќа Палчо на Лога во писмото.

Наводното писмо се појави откако министерот Лога на својот фејсбук-профил објави дека Македонија добила известување од Турција дека дале позитивен одговор на барањето на македонските власти за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо.

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content