СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Поскапено маслото за јадење на „Брилијант“

„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари.

Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината.

Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.

На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.

Со поскапувањето, „Брилијант“ ја изедначи цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители.

Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња зејтин.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content