Како што информираат од Министерството за правда, Шасивари истакнал дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста, ефикасноста на правосудниот систем, враќање на довербата на граѓаните во правосудството, како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата.
„Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем“, порачал министерот за правда Јетон Шасивари.
