Трајков во Брисел: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност и стратешки приоритет за Македонија

Според неа, за Македонија европската интеграција останува највисок стратешки приоритет.

„Реформската агенда е во срцето на владините политики. Реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економското управување, дигиталната трансформација и институционалната транспарентност се инвестиција во иднината на државата и во подобри услови за граѓаните“, истакнала Трајков.

Заменик-министерката за европски прашања подвлекла дека процесот на проширување мора да остане кредибилен, заснован на заслуги и предвидлив, при што и кандидатките земји и Европската Унија треба доследно да ги исполнуваат своите обврски.

Според неа, стабилен, демократски и просперитетен Западен Балкан значи посилна и побезбедна Европска Унија.

На настанот свои видувања имале и државниот министер за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, Гинтер Крихбаум, германскиот европратеник Михаел Гахлер и член на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.

Трајков потсетила дека Македонија е сигурен сојузник во НАТО, целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и посветена на регионалната стабилност и добрососедските односи.

Со учеството во Брисел, Македонија, како што велат од МЕП, уште еднаш ја потврдила својата стратешка ориентација кон полноправно членство во Европската Унија и подготвеноста да придонесе кон заедничката европска иднина

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content