Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата.

Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку напротив, со луѓе кои во различни ресори дадоа свој придонес за реалзиација на програмата за која граѓанте дадоа доверба.

– Од првиот ден која ја преземавме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше полтички слоган, тоа беше принцип. Денес покажуваме дека тој принцип важи подеднакво за сите – рече Мицкоски.

Според него, на реконструкцијата на Владата не треба да се гледа како на крај на нечија работа.

– Граѓаните заслужуваат јасно да ја видат разликата меѓу политиката што се задоволува со изговори и политика што носи резултаи, рече Мицкоски.

Заблагодарувајќи се на членовите на Владата кои, како што рече, во изминатиот период чесно, одговорно и посветено ги извршуваа функциите, рече дека со искрена благодарност за нивната работа ја отвораат следната етапа, не затоа што го негираме сработеното, туку затоа што сакаме врз тоа што е направено да изградиме уште повеќе.

– На Зоран Љутков сакам искрено да му се заблагодарам за работата што ја направи во Министерството за култура. Кога ја презеде функцијата, ресорот беше оптоварен со наследени долгови, недоволни средства и институции кои предолго работеа во неизвесност. Денес состојбата е суштински поинаква. Буџетот за култура е зголемен од 768 милиони денари во 2023-та, на повеќе од 1 милијарда и 70 милиони денари во 2026-та година. Буџетот за туризам е зголемен од 58 милиони на 187 милиони денари, што претставува повеќе од тројно зголемување. Исплатени се наследени долгови од 273 милиони денари, а дополнително се обезбедени 149 милиони денари за програмски активности, проекти и поддршка на културните институции и општините. Но, најголем резултат не се бројките, најголем резултат е што културата повторно стана државен приоритет, што уметниците добија партнер во институциите, а културното наследство повторно доби внимание какво што заслужува и за тоа му благодарам – рече Мицкоски.

Упати благодарност и до министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, наведувајќи дека во првите месеци од мандатот биле исплатени речиси 4 милијарди денари за останати обврски.

– Од јули 2024-та до денес се исплатени повеќе од 15 милијарди денари директна финансиска поддршка. Ставивме крај на праксата земјоделците со месеци, па и повеќе од година дена да чекаат, од сектор што бележеше просечен пад од 4,4% денеска повторно зборуваме за раст. Но најважно е што владата повторно станува партнер на земјоделецот. Тоа беше таа системска промена – наведе Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content