Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, вели премиерот

„Претпоставувам, таа е целта на СДСМ. Тие четири месеци работеа во Парламентот, се договараа, преговараа и наеднаш кога сфатија дека треба да сработат нешто тогаш заедно со другата политичка партија во опозиција Левица одлучија да го блокираат овој процес под изговор да не им е дозволело на дијаспората да гласа, затоа што на тој начин ќе биле украдени изборите. Што во превод значи дека тие се свесни дека на следните парламентарни избори тие ќе доживеат уште еден изборен дебакл, ќе ги загубат, и следната Влада која што ќе биде повторно истата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подготвува претседателските избори коишто ќе се случат во 2029 година и тие се исплашени дека таа Влада има можност да ги украде тие претседателски избори. Тоа значи дека Фројд работи кај нив, односно нивната потсвест, како што и тие правеле, мислат дека и ние така правиме“, рече Мицкоски, кој беше во посета на Охрид.

Потсети дека актуелната Влада веќе организирала локални избори кои поминаа во скандинавски тек, што се гледало и по бројот на поплаки.

„Треба да бидат искрени кон граѓаните и кон нивните поддржувачи дека овие се изговори се за да се избега од вистината и реалноста, да избегаат од изборите и на тој начин го покажуваат својот губитнички менталитет. Ние имавме јасен став – вие во опозицијата донесете експерти, правете што ќе правите, донесете текст во којшто ќе биде вклучена и методологија како би гласала дијаспората поинтензивно, ние без да го проверуваме веднаш ќе го поддржиме. Ни тоа не го направија. Камо ли ние кога бевме во опозиција да имавме ваква Влада која ќе ни оставаше бланко простор за да можеме да поднесуваме решенија“, рече Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content