Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, извршија увид во повеќе инфраструктурни проекти во Охрид.

Николоски на својот Фејсбук профил информираше дека биле посетени неколку значајни капитални инвестиции, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Кленоец“, новиот објект на училиштето „Кочо Рацин“ со Младинскиот центар, како и активностите во охридската гимназија.

-Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи капитални проекти.

Ја посетивме улицата Кленоец која целосно се реконструира со поддршка на министерството за транспорт. Се изврши реконструкција на атмосферска и фекална канализација како и асфалтирање на улицата. Оваа улица претставува една од главните артерии за поврзување на овој дел од градот.

Го посетивме новиот објект на училиштето Кочо Рацин и младинскиот центар во склоп на истото. Оваа функционална целина е од огромно значење за младите и сите жители од овој дел на Охрид.

Заедно со министерката за образование Весна Јаневска направивме увид во активностите во охридската гимназија, репрезентативен објект на градот.

Многу проекти и многу инвестиции во Охрид!, пишува во својата објава вицепремиерот Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content