Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото, сточарит добиваат сигурен пласман

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај.

Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства.

На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, беше истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува значаен чекор кон стабилизирање на сточарското производство во регионот. Покрај ова, се разговараше и за откупната цена на млекото, исплатата на субвенциите, како и за други прашања што се важни за унапредување на условите за работа на сточарите.

„Решавањето на проблемот со откупот на млекото беше наш приоритет, бидејќи македонските сточари заслужуваат сигурен пласман и извесност за својот труд. Ќе продолжиме да работиме на создавање фер услови за производство, економска стабилност и политики што произлегуваат од директните разговори со луѓето на терен“ истакна Серафимовски.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи активно да се залага на решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, обезбедувајќи конкретни резултати и поддршка за домашното производство, со цел изградба на силен, конкурентен и одржлив аграр и сигурна иднина за македонските граѓани.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content