Земјотрес регистриран во Македонија

Земјотрес беше почувствуван вечерва во делови од Македонија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според официјалните податоци, потресот се случил во 20 часот и 8 минути, а неговиот епицентар бил лоциран во Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот имал локална магнитуда од 5.0 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните информации, интензитетот со кој бил почувствуван во Македонија изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил слаб, но сепак регистриран од граѓаните во одредени региони.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content