СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче е лидер без кредибилитет, под целосен диктат на Зоран Заев, кој не може да ја консолидира СДС. СДС е партија во ерозија, маргинализирана опозиција, а Филипче ја сведе партијата на петто место во Скопје и трета партија во државата со под 100 000 гласа.

Филипче ја води СДС кон пропаст и целосно исчезнување додека по насока на Заев оди на средби во Ниш со Милјан Шчекиќ и во Грција со Башановиќ да договара пи-ар стратегии кои се промашени и пропаднати.

Пи-арот на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ, екссоветникот на Зоран Заев и неговиот соработник Милјан Шчекиќ. Се поставува прашањето, за какви интереси работи СДС и какви агенди спроведува?

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДС беа на власт, 3 пати ја зголемуваа акцизата, и сакаа да воведат и еколошка такса, со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Сега цените на горивата во Македонија, со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски, се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

СДС додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи, со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДС и ДУИ беше двоцифрена.

Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДС и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден, а државната каса ја испразнија, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2.5 милијарди евра.

Исто така, СДС го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Денес АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер, со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content