Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“

Поздравни обраќања на форумот ќе имаат Беким Сали, министер за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Јусуф Зејнели, ректор на Универзитетот во Тетово – Тетово, Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Александар Иванов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Главното обраќање, како што се наведува во најавата, ќе го има Јулијан Чифу од романскиот Центар за спречување конфликти и рано предупредување.

Во рамки на форумот ќе се одржат три панели. На првиот, посветен на „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот“ ќе се обратат Јованка Јакубек-Лалик, Универзитет во Варшава, Полска, Жидас Даскаловски, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Дарко Трифуновиќ, Институт за национална и меѓународна безбедност (INIS), Белград, Србија, Јулијан Чифу, Центар за спречување конфликти и рано предупредување, Романија.

Вториот панел е посветен на „Судирот на големите сили на периферијата на Европа“ и на него ќе учествуваат Јаганат Панда, Стокхолмски центар за јужноазиски и индопацифички прашања (SCSA-IPA), Институт за безбедносна и развојна политика (ISDP), Шведска,  Весна Попоска, Воена академија „Михајло Апостолски“, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Васко Наумовски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Шаул Шау, Интердисциплинарен центар Херцлија, Израел и Фатмир Џеладини, Универзитет во Тетово.

Третиот панел е на тема „Отпорност, поликризи и хибридни закани“, а на него ќе говорат Мирела Имшировиќ, Институт за геополитика, економија и безбедност (IGES), Сараево, Босна и Херцеговина, Мирослав Саздовски, Европски центар на извонредност за спротивставување на хибридни закани, Хелсинки, Финска, Никола Дујовски, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола,  Ќебир Авзиу, Универзитет во Тетово – Тетово, Шабан Јакупи, Универзитет во Тетово – Тетово.

По трите панели предвидено се завршни обраќања и клучни пораки, каде следува обраќање на Александар Иванов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content