Автопатот Скопје-Блаце ги скара Влен и ДУИ

Од Влен велат дека конечно, автопатот Скопје-Блаце станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија.

„Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на Влен. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци“, се вели во реакцијата на Влен на денешното соопштение од ДУИ.

„Го потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи Соравија. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата. Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите. Со заминувањето на ДУИ од власта, престана масовната корупција и започна работата. Затоа оваа Влада го гради автопатот Скопје-Блаце, интензивно работи на коридорот 8, го гради кампусот на УНТ, болницата во Кичево и болницата во Тетово, како и инвестира во основната инфраструктура во општините. Не сме биле сиромашни, сме биле ограбувани!“, велат од Влен.

Претходно денеска, од ДУИ преку соопштение се пофалија дека автопатот Скопје-Блаце бил проект на партијата, која донела стратешка и политичка одлука, преку која Блаце, како главна порта кон Косово и дел од коридорот 8 треба да биде поврзано со Скопје преку модерен автопат, а не преку обичен магистрален пат.

„Една од најважните одлуки беше изградбата на првите два километри од автопатот. Овој сегмент не беше изграден случајно, туку како стратешка гаранција проектот подоцна да не може да биде претворен во магистрален пат. Токму овие два километри практично го направија невозможно отстапувањето од првичниот концепт. Владата предводена од ДУИ ги спроведе и тендерските постапки, на кои аплицираа 11 компании, додека на следната влада ѝ остана само да го избере изведувачот и да ги продолжи работите. Наместо тоа, проектот беше блокиран две години и проследен со контрадикторни изјави, тврдења за промена на трасата, идеи за негово сведување на магистрален пат и обиди да се претстави како нов проект. Дополнително, беа потрошени околу 8.850.000 денари за анализи и измени, за на крај повторно да се вратат на решението што го подготви ДУИ. Денес, оние што некогаш го оспоруваа овој проект и го одложуваа две години, се обидуваат да ги присвојат заслугите за него. Фактите говорат поинаку, автопатот Скопје- Блаце е производ на визијата, планирањето и работата на ДУИ“, категорични се од ДУИ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content