Историски успех: Изведени се првите робот-асистирани операци

На Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје успешно беа изведени првите робот-асистирани операции кај четворица македонски пациенти со карцином на простата.

За првпат е применета и иновативната „Single Site“ техника – хируршки пристап преку само еден отвор, што овозможува исклучителна прецизност, помала траума, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите, соопшти ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија – Скопје.

Операциите беа реализирани под менторство на д-р Di Gu, професор од Универзитетот во Гуангџоу, Народна Република Кина, што претставува значаен трансфер на знаење и потврда за меѓународната соработка на највисоко ниво, потенцираат од клиниката.

-Ова не е само прва ваква интервенција во земјава, туку и прва примена на оваа метода во Европа, нотираат во објавата од ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија – Скопје.

Нов историски чекор за македонската урологија и уште една потврда дека современата медицина во Македонија чекори рамо до рамо со светските трендови.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content