СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

НЛБ банка: Денес почнува исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита

НЛБ банка денес почнува со исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита. Своите пари корисниците во секое време можат да ги подигнат од банкоматите.

Заради поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од Банката ги известуваат клиентите дека исплатата ќе се реализира согласно определениот редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

вторник (5 март) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

среда (6 март) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​

Исто така, од НЛБ банка потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content