ЕЛЕНА ОСТАНА без патриотските песни! ИЗБРИШАН ЈУТЈУБ каналот на фолкерката

29

Фолк пејачката Елена Андоновска остана без својот Јутјуб-канал, односно во текот на вчерашниот ден и ги избришале сите видеа со македонски песни кои имаат патриотска содржина, видеа во кои се вее македонското знаме и го содржат слоганот „Слушајте македонска музика“.

– Почитувани пријатели и сите кои ме следите и поддржувате, во оваа прилика би сакала да ве известам дека после голем број опомени, примедби, забелешки кои ги добивав заради објави на песни со патриотска содржина, македонско знаме и слоганот кој го користам во секој пост: “Слушајте македонска музика” , беа отстранети сите видеа од мојот Youtube канал. Заедно со видеата, за жал, се избришаа сите прегледаности, допаѓања и вашите позитивни коментари, но најважно е никогаш да не се избрише македонската песна и историјата на македонскиот народ опеана во неа.

Ви ветувам враќање на голем број проекти кои ја отсликуваа мојата досегашна кариера. И ви го најавувам најновиот музички проект кој го подготвивме со мојот тим во чест на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН! До тогаш следете ги објавите на мојата фан страна и претплатете се на на мојот Youtube канал!, напиша во обраќањето до својата публика на Фејсбук пејачката.

„Проклети да се предавниците“, „Срам невиден!“, „Поддршка! Македонија на Македонците, Вардар, Егеј и Пирин обединети! Македонија засекогаш!“, „Затоа ние патриотите сме тука да ја шириме и слушаме македонската песна и да ве поддржиме вас уметниците што правите ваква прекрасна музика!“, „Колку повеќе сакаат да избришат се македонско, толку народот станува се повеќе патриотски настроен“… само дел од коментарите под објавата на пејачката, чиј канал е празен.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content