Второоделенци од ООУ “Блаже Конески” Прилеп на прекрасен начин ви го честитаат Христовото Воскресение – Велигден

32

Учениците од II-3 одделение при ООУ “Блаже Конески” Прилеп, под менторство на наставничката Весна Арсиќ, на прекрасен начин ви го честитаат овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж.

-Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. Ви посакуваме од Велигден до Велигден да биде присутна кај сите вас ЉУБОВТА, ИСКРЕНОСТА, ДОБРОДУШНОСТА… и секогаш бидете она што и всушност сте, за да сите знаат колку е убаво да бидете само СВОИ… Имајте среќни празници! За многу години – стои во описот на видеото.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content