СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

(Видео) Протест по повод Денот на трудот

Во оргaнизација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се одржа протест по повод Денот на трудот, Први мај, на кој работниците побараа зголемување на платите, враќање на регресот за годишен одмор, нови колективни договори како и работодавачите да ја повлечат претставката за недела неработен ден.

Штрајкот почна пред ССМ, продолжи пред Собранито, Сојузот на стопакси комори и заврши пред Владата.

Присуствуваа членови на повеќе гранкови синдикати кои носеа транспаренти со пораки за подобрување на стандардот и на правата на работникот.

„Плати поголеми уште од утре, бидејќи економската криза ја изеде платата на работникот. Да ја повлечете претставката за недела неработен ден, бидејќи тоа е реалност за работникот. Нема да ви бидеме робови седум дена во неделата. Добро е што уште вака ве повикуваме и на некој начин ве замолуваме. Ќе се собереме, ќе блокираме и овој пртотест лесно ќе прерасне во штрајк – а тоа значи прекин на работата во работно време. Затоа е време да се договориме и да се опаметите. Време е да ја повлечете претставката пред Уставниот суд“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски во обраќањето пред Сојузот на стопанските комори.

Пораки од протестот беа испретени и од пред Владата каде на работниците им се обратија и вицепремиерот за економски прашања и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Пред присутните членови на синдикатите, вицепремиерот Битиќи честитајќи го Први мај, порача дека највредниот ресурс е човечкиот.

„Нема повредно и поважно што треба да се заштити од човечкиот капитал, затоа ја поддржувам и ја продолжуваме борбата за работничките права. Оваа недела ќе ги продолжиме преговорите за општиот колективен договор како и за усогласувањето на платите со минималната плата, кое ќе се случи. Но, да продолжиме да зборуваме и за унапредување на правата и заштитата на здравјето на работното место. Да зборуваме гласно и да се бориме за еднакви можности за сите и еднакви шанси за жените и мажите. Заедно со нашите социјални партнери преку дијалог, како и досега, ќе продолжиме да креираме системски решенија кој ќе не носат кон развој“, рече Битиќи.

Министерката Тренчевска порача дека оние работодавачи кои не работат согласно Законот, ќе се соочат со санкции.

„Државниот инспекторат на труд е на терен и секое непочитување на законот, а кое значи кршење на работничките права, ќе биде санкционирано“, посочи таа.

Сите решенија кои ќе се однесуваат на работниците, ќе се носат низ социјален дијалог, затоа што заеднички се носат најодржливите решенија кои ги засегаат работниците, е пораката која ја упатија вицепремиерот Битиќи и министерката Тренчевска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content