МУЦУНСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БИХ: Во фокус европската интеграција и економската соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ.

За време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.

На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија.

Воедно, ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content