Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре ќе престојува во работна посета на Макпрогрес во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи во рамки на брендот Винчини.
Според најавата, посетата ќе започне во 11:00 часот, при што премиерот ќе оствари работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата. На средбата ќе се разговара за актуелните економски состојби, извозните резултати, инвестициските активности и идните развојни планови на компанијата.
По состанокот е предвидена церемонија за отворање на новата инвестиција, при што Мицкоски ќе присуствува на свеченото сечење на лентата и ќе ги разгледа новите производствени линии во фабриката.
Во 12:30 часот премиерот ќе даде изјава за медиумите во кругот на фабриката.
Од Владата упатија покана до медиумите да присуствуваат и да го проследат настанот.
