СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Кривична против полицаец од Прилеп, криел службен материјал во врска со одземено товарно возило

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против П.Б.-полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 – в од Кривичниот законик.

На 13.11.2020 од Полициското одделение Ропотово до Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп бил доставен службен материјал во врска со одземено товарно возило, по што пријавениот го примил, но не го задолжил на друг полициски службеник, иако со усна наредба од началникот на НККР Прилеп бил задолжен да ја прима поштата и да ја распоредува на полициските службеници. На тој начин П.Б. овозможил против лицата, за кои постоело сомнение дека сториле кривично дело, да не биде поднесена соодветна кривична пријава и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content