СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилепчанец по грешка застрелан додека бил во лов на диви свињи во Мариово

Денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека е ранет прилепчанец кој со своите пријатели бил на лов диви свињи во Мариово. Според првичните информациите од МВР, еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо во пленот за отстрел, пукал во својот другар.

За извлекување на телото бил ангажиран и хеликоптер бидејќи теренот бил недостапен.

Дел од медиумите ја пренесуваат изјавата на Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола, дека прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.

 

„Денеска во 11.06 часот во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14.55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите“, соопшти Стаматова.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content