СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Зајкова сега се сети на студентските домови! Димитриеска Кочоска: ШТО ЧЕКАВТЕ ДО СЕГА?

Состојбата во студентските домови дел од дебатата во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 помеѓу потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и и кандидат за пратеник во ИЕ 1 од коалицијата Твоја Македонија, Гордана Димитриеска Кочоска и лидерката на ЛДП и коносител во ИЕ1 од коалицијата за Европска иднина, Моника Зајкова.

Според Зајкова новата коалициска програма е базирана на човековиот капитал и истиот предвидува низа мерки за младите.

„Дел веќе се поклопуваме со останатите политички субјекти како домувањето на младите, и добро е што сите сме го детектирале дека тоа е генерален проблем кој што ги мачи младите луѓе. Мерка од 200 евра за вработување на млади лица до 26 години, чинам дека веќе ја споменавме и мерката за ослободување од данокот на личен доход, и низа други мерки кои што опфаќаат категории од основното образование до студиското образование, но кои што го допираат секој млад човек“, вели Зајкова.

На ова со реплика се јави и Димитроска Кочоска која праша зошто чекале до сега.

„За толку години власт, колку што се, од 2017 до 2023 година, животниот стандард во 2016 година бил 36,9% како процент од животниот стандард на Европската Унија и во 2023 е исто 36,9%, а да напоменам во 2006 кога сме ја презеле власта бил 29,5%. Значи за толку години од 29,5% оди на 36,9% што значи имаме сериозно подобрување на животниот стандард, за да во последните години имаме некои циклични движења и останеме на исто ниво како од кога е преземена власта“, додава Димитриеска-Кочоска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content