Даштевски: Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности

0

Пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места од вкупно запишани 402.748 гласачи. На овие избирачки места гласале 15.487 односно 3,85 отсто од гласачите, нагласи Даштевски.

До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка. На неколку места биле пријавени технички проблеми, за кои претседателот на ДИК објасни дека се решаваат во од.

Гласањето се одвива на 1480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content