Заврши Пробниот попис на земјоделството, 2022година

0
Државниот завод за статистика во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година го спроведе Пробниот попис на земјоделството. Попишувачите во изминатите две недели ги посетија и ги интервјуираа избраните семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството на територијата на целата држава.
За време на реализација на теренските активности не се забележани потешкотии и целата активност се реализираше според очекувањата. Сознанијата добиени од Пробниот попис ќе бидат искористени за  организација и спроведување на главниот Попис на земјоделство следната година.
Државниот завод за статистика им се заблагодарува на домаќинствата и деловните субјекти за соработката и учеството во оваа статистичка акција.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content