Николоски: Очекуваме референдумска излезност на 8 ми мај!!!

120
Покана за вечерашниот завршен митинг во Прилеп упати и Александар Николоски, носител на кандидатска листа за пратеници од Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ за ИЕ4:
Би сакал да ги поканам сите жители на четвртата изборна единица и на цела Македонија, особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, да ни се приклучат вечерва во 20:30 часот, заднички да ја затвориме досега најуспешната кампања за ВМРО-ДПМНЕ.
Не случајно тоа го правиме тоа во Прилеп затоа што Прилеп е од огромно значење за сите нас и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот. Градот инфраструктурно ќе се врзе со реална изградба на експрсниот пат Прилеп-Градско, ќе се изгради автопат од Прилеп до Битола и Меџитлија, пругата ќе стане многу побрза и покористена, ќе доаѓаат странски инвестиции и ќе се стимулираат домашните и многу битно ќе има одговорност за сите што прават криминал и во Прилеп и во Македонија.
Кампањата помина за нас исклучително успешно очекуваме масовна референдумска излезност во среда на осми мај, ги повикувам сите граѓани да излезат и гласаат, потребна е најголема излезност досега за најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ, за Христијан Мицкоски премиер, за Гордана Силјановска Давкова претседател, за влада која никој нема да ја уценува, рече Александар Николоски, носител на кандидатска листа за пратеници од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

<

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content