Вечерва почнува 66-та Евровизија

0

Сè е подготвено за настапите на уметниците од 40-те земји што се натпреваруваат. 35 земји ќе се натпреваруваат за влез во финалето, а место ќе обезбедат по 10 од секоја полуфинална вечер.

Концептот на ова издание е „Звукот на убавината“, ќе се одржува во Пала Олимпико, а водители ќе бидат Лаура Паусини, Алесандро Кателан и Мика.

Rai reveals Eurovision 2022 stage design: 'The Sun Within' ☀️ - Eurovision  Song Contest

Вечерва, на првата полуфинална вечер ќе настапат претставниците на: Албанија, Летонија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска ќе настапи 11-та в четврток, на втората полуфинална вечер.

Во второто полуфинале со Андреа ќе настапат и претставниците на уште 17 земји: Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content