СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Презентација на првата Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина

Како што соопшти Институтот, таа е донација на невладината организација „Зелена планета за сите”.

Во посета на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина денеска ќе биде амбасадорот на Република Јапонија Хиронори Савада кој ќе направи увид во донираната опрема.

Планиран е краток состанок со заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, деканката на Медицинскиот факултет Соња Топузовска и раководителката на ИПНМ Даниела Миладинова. Потоа, ќе следи посета на мијаваки шумата во дворот на Институт, каде што на присутните ќе им се обратат јапонскиот амбасадор, заменик министерот за здравство, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, деканката на Факултетот и раковидтелката на ИПНМ, најавуваат од Институтот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content