Андоновски: Владиниот Центар за одговор на кибер инциденти стана полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams

Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во кибер безбедноста. Владиниот Центар за одговор на кибер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави на Фејсбук министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Особено е важно, додаде министерот, дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за кибер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ.

-За Македонија ова е важен чекор во градењето посилен, професионален и европски систем за кибер отпорност. Ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани. Со ова, завршуваме уште еден чекор од Реформската агенда со рок 30 јуни 2026 година и отклучуваме нови средства од Планот за раст – нагласи Андоновски.

Министерот истакна дека продолжуваме да инвестираат во капацитетите на службите за одговор на кибер инциденти, во заштитата на институциите и во безбедноста на дигиталните услуги за граѓаните и компаниите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content