СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Караванот на Државната изборна комисија оваа недела ги посети општините Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане. Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, „ТИ СИ НА РЕД”, ДИК во општините кои ги посети, делеше едукативен материјал, со цел да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Парламентарни и Претседателски избори и да ги едуцира и за двата изборни циклуси.

Државната изборна комисија, ја подготви оваа едукативна и информативна кампања – „ТИ СИ НА РЕД” со цел да поттикне поголема излезност на овие избори и да упати апел кон сите гласачи, дека и на претстојните Претседателски и Парламентарни избори нивните лични гласачки права се загарантирани. Токму затоа, караванот „ТИ СИ НА РЕД” продолжува да патува и во понеделник ќе се посетат Скопје и Студеничани.

Многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните и информативни материјали, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија и од досега реализираните посети, најчесто поставуваните прашања се однесуваат на валидноста на документите за идентификација и можноста за гласање со лични документи чиј рок на важност е истечен.

Од Државната изборна комисија појаснуваат дека секој кој ќе гласа на Претседателските избори во среда, потребно е со себе да носи документ за лична идентификација – важечка лична карта или пасош, односно лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content