СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Домашните компании годинава може да исплатат двојно повисок К-15

Дали домашните компании, годинава, ќе ја искористат можноста за двојно зголемен регрес за годишен одмор, работниците ќе знаат за околу еден месец.

Владата им „фрли ракавица“ на работодавачите и како една од мерките од Петтиот економски пакет, понуди можност за зголемување на прагот на ослободување на оданочувањето со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од постоечките 40 на 80 отсто, пишува Слободен печат.

Ако како основа за пресметка се земат просечните плати за декември, јануари и февруари, минималната сума за регресот за годишен одмор, исплатен сега, би изнесувала околу 11.300 денари. Но, ако се користи новото даночното ослободување до 80 отсто, сума би можела да биде двојна. Актуелно, сумата што е предвидена како минимална во Колективниот договор, изнесува 40 проценти од просекот на трите просечни нето плати во државата објавени од Државниот завод за статистика, пред исплатата.

 

Сумата за К-15, ќе се признае како расход, што ја намалува даночната основица на компаниите, а причина за тоа, како што соопшти лани премиерот Зоран Заев, е да се стимулираат работодавачите да даваат поголем износ. Веќе е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување на износот на регрес за годишен одмор, што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од Петтиот пакет економски пакет.

Исплатата на регресот треба да почне наскоро, а се однесува за сите вработени кои работеле најмалку шест месеци, кај истиот работодавач. Обврската за исплата, законски, но и според Колективниот договор е до крајот на годинава.

Според Општиот колективен договор, работодавачите кај кои настанале тешкотии во работењето, може да исплатат и помал износ на К-15, без да се прецизира дали фирмата е во загуба. Информациите од синдикатите, говорат дека до нив лани пристигнале пријави за над 100 газди, кои воопшто не исплатиле или исплатиле помалку регрес. Според информациите од Државниот инспекторат за труд, до каде се пријавени ваквите случаи, оние работодавачи кои не го исплатиле регресот за годишен одмор добиле записник и решенија со задолжување за исплата, а некои веќе се и санкционирани.

Синдикалците, лани побараа работодавачите да добијат поголемо даночно ослободување за исплата на регресот за годишен одмор, а Владата го прифати и двојно го зголеми прагот за даночно ослободување од 40 на 80 отсто. Компаниите кои покажаа добри финансиски резултати веќе им исплатија од 25 до 28.000 денари за К-15 за годинава, но, уште има работодавачи кои не го исплатиле ниту ланскиот регрес. Премиерот Заев, неколкупати апелираше компаниите што имаат можност, па дури и оние што покажуваат загуба, да исплатат регрес за годишен одмор.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content