СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

МНР Прогласи руски дипломат за непожелна личност и го протерува од Македонија

Еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и треба да ја напушти земјата во рок од една недела.

Пред 4 дена, на 14 мај, рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздикин, бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и треба да ја напушти земјата во рок од една недела. Во официјалното соопштение од МНР не се наведува причината за протерувањето на неименуваниот дипломат.. Единствено се повикуваат на член на 9 од Виенската конвенција..

-Државата во која се акредитира може во секое време и без обврска да ја образложи својата одлука да ја извести државата која акредитира шефот или било кој друг член на дипломатскиот персонал на мисијата е персона нон грата или дека било кој друг член на персоналот на мисијата е неприфатлив. – стои цитираниот членот од Конвенцијата…

 

Неофицијално, пак, како причина за протерувањето на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин..

Претседателот Стево Пендаровски вели дека е информриан за одлуката, која, како што вели е добро документирана..

Засега нема реакција од руската амбасада во земјава.. Канал 5 се обиде да стапи во контакт и да добие одговор, но неуспешно, а став нема ниту на твитер налогот на амабсадата на која најчесто се огласуваат во јавноста..

Инаку, ова е втор руски дипломат прогласен за персона нон грата, откако во 2018 година Македонија одлучи да протера еден претатвник на Русија во знак на солидарност со Британија за случајот Скрипал..

Владата на почетокот од април соопшти дека земјава се приклучува и кон санкциите на ЕУ кон Русија, кои Брисел ги смета за одговорно за кршењето на човековите права во случајот со апсењето на опозицискиот лидер Навални.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content