За жените останува редовното пензионирање на 62 години, но ќе може да се пензионираат и на 64, по нивен избор, додека кај мажот останува границата од 64 години, рече првиот човек на ПИОМ.
Јовановска вели дека во приватниот сектор оној што сака да се пензионира подоцна, со пријава во задолжителното социјално осигурување, ќе може да ја стави пензијата во мирување.
Таа додаде дека со новиот закон кој допрва треба да биде изгласан, пензискиот буџет нема да претрпи намалување на финансиите.
Импликации нема да има, нема да има никакви репрекусии, затоа што имаме инвестиции и најави за отворање на нови работни места, вели Јовановска.
Директорката вели дека оваа година зависноста на фоднот од државниот буџет е намалена на 38 проценти во година на ковид-криза и дека уплатите одат според планираната динамика и дека евентуално зголемување на просечната пензија со интервенција на Владата ќе се разгледува во јули.
Показателите во првите четири месеци покажуваат тренд на зголемување на просечната пензија. Кога ќе се стабилизира економската ситуација, сигурна сум дека Владата со низа мерки ќе направи усогласувања со просечната плата, смета Јовановска.