Вардар 1961 го освои Купот на Македонија

50
Ракометарите на Вардар 1961 го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во финалето, кое се одигра во „Автокоманда“, црвено-црните го победија Еурофарм Пелистер со 26:24 (16:10).

Вардар 1961 голем чекор кон трофејот направија во првото полувреме, кое го завршија со предност од шест гола и во кое ракометарите од Битола немаа решение за Германецот Кристијан Дисингер.

 

Во првиот дел Дисингер постигна шест гола.

Вториот дел им припадна на Еурофарм Пелистер, се доближија на два гола (19:17) во 45.минута, а беа не гол негатива во 57.минута, но не успеаја да направат комплетен пресврт.

На крајот пресуди голот на Тимур Дибиров за 25:23. Битолчани се доближија на 25:24 на 25 секунди до крајот , а Иван Чупиќ во последната секунда ги постави конечните 26:24.

Дисингер го предводеше Вардар 1961 со шест гола, на спротивната страна блескаше Периќ, кој со девет гола еше најефикасен играч на натпреварот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content