Facebook воведува ново правило за споделување вести

31

Од Facebook известија дека на почеток овој додаток ќе им се појавува севкупно на 6% од корисниците кои на оваа социјална мрежа пристапуваат преку андроид.

„Почнувајќи од денес тестираме начин на промовирање на поинформирано споделување новинарски вести. Доколку споделувате вест од линк кој не сте го прочитале, ќе ви пуштиме порака охрабрувајќи ве да го отворите и да го прочитате пред да го споделите со други“, стои во објавата на Facebook.

 

Поттикнувањето на луѓето да ги читаат вестите кои ги споделуваат може да се сфати како нова битка на Facebook против ширењето на дезинформациите против кои оваа платформа одамна се бори.

На тој начин пораката која ќе се појавува ќе го информира корисникот дека неотворањето на вестите кои се споделуваат може да има контра ефект бидејќи често насловите не ја откриваат суштината на целата сторија, а неретко и водат кон погрешен впечаток.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content