Регионални вакцинални пунктови ќе се формираат во Струмица, Прилеп и Велес

46

Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање регионални центри за Ковид-19 вакцинација во Струмица, Прилеп и Велес и го задолжи Министерството за здравство во соработка со тие општини да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација во овие градови.

Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content