Црн ден за мак-спортот, пукна срам во Велес, нападнати фудбалерки на Љуботен!

52

ЖФК Љуботен информира дека нивните фудбалерки, стручниот штаб и управата биле нападнати по натпреварот од Првата женска фудбалска лига во Велес во саботата, иако домаќините триумфираа на тој меч.

Од самото доаѓање во Велес биле пречекани од претседателот на клубот, ЖФК Борец, Рикардо Илиев кој веднаш му се обратил на претставникот на клубот на ЖФК Љуботен дека на овој меч нема да освоите бодови, а потоа и на клубот, раководството на Љуботен дека по секоја цена ќе победи домаќинот.

 

 

Како што вели потпретседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски сето тоа било игнорирано и целосно фудбалерките на таа екипа биле фокусирани на мечот.

– Натпреварот е сама приказна за себе, тоа што се случуваше е срамно за македонскиот фудбал и воопшто. Такво судење, однос од делегат, судиска тројка кон гостинска екипа која вложува во фудбалот е срамно и недозволиво.

Осмата минута беше во тек имаше класичен фаул за нас, од нему познати причини судијата дава предност и офсајд. Реагирам на одлуката, доаѓа судијата и ми вели: „Денес тука ќе траеш и ќе гледаш. Следен коментар, одиш надвор“ – вели Јовановски потврдувајќи ги најавените притисоци.

Исто така ја одвојува сомнителната ситуација во 55 минута кога од слободен удар за ЖФК Љуботен, чист гол влегува во мрежата, односно удира во шише во внатрешноста на голот, но судијата вели: „Играј, нема гол“.

– Бурно реагирам кон делегатот и ми се обраќа: „Каде ќе одите? Лигата на шампионите ви треба? И на Реал Мадрид му поништувале гол, а не па вас“. Тоа е недопустливо, срамно однесување за делегатот, потоа сè излезе од контрола, а следен спорен момент е и класичен пенал, кој не се досудува за нас.

– Потоа, од никаде наместо противникот да ја слави победата, од нивни познати причини решија да се пуштат во физичка пресметка со нашите девојчиња. Она што се случуваше по натпреварот е навистинаа вознемирувачки за раководството и фудбалерките. Прва беше нападната Сенада Муратовиќ при самото качување по скалите кон соблекувалната, прво вербално, а потоа и физички од женско лице за кое мислам дека е член на Управен одбор на ЖФК Борец. Се создаде мешаница, па нападнати беа и Теодора Бартон и Мирјана Ѓероска на самите скали пред соблекувална, од страна на Рикардо Илиев, сопругата и неслужбени лица од не знам кои причини присуствуваа во соблекувалната. Бевме нападнати од близок пријател на Рикардо Илиев и уште неколку лица, во тој момент удар доби Егзона Јашари со шише по глава, среќа што нема посериозна повреда. Како може, близу 15, може и повеќе неслужбени лица да бидат во самите простории каде што се соблекувалните после самиот натпревар. Среќа што таткото на голманката на Борец, како жив штит застана пред нас за да не биде уште полошо – вели Јовановски кој потврди дека дал изјава во полициска станица.

Јовановски има прашање до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), како во време на пандемија, со ковид-правило присуство без гледачи, како на самиот натпревар ЖФК Борец – ЖФК Љуботен беше дозволено да има минимум 100 гледачи?

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content