СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 се зголемува за 1,5 денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.

Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ се: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 68,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60 денари и Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 59,5 денари за литар.

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,243 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content