За идеална фигура ова лето, еве кои нмирници треба да ги избегнувате
Ако сакате идеална фигура ова лето, еве кои нмирници треба да ги избегнувате:
1. Газирани пијалоци
Тие се најголемиот извор на празни калории. Тие го исполнуваат телото со голема количина калории, а немаат хранлива вредност. Голема е веројатноста да се здебелите ако редовно пиете газирани сокови.
2. Алкохол
Ако сакате да изгубите тежина, мора да престанете да пиете алкохол. Поради алкохолот, внесувате дополнителни калории во организмот, а тоа ве стимулира да јадете повеќе и го забавува метаболизмот.
3. Трансмасти
Пржена и преработена храна изобилува со трансмасти кои поттикнуваат гоење, а исто така предизвикуваат складирање на маснотии во абдоминалниот регион на телото.
4. Рафинирани житни култури
Овие вклучуваат брашно, бел леб, бел ориз, бели тестенини и нивни деривати. За време на процесот на обработка, оваа храна губи влакна и хранливи материи, а остануваат шеќер и скроб, кои се претвораат во маснотии и доведуваат до гоење. Треба да јадете производи од житни култури од цели зрна.