СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Денеска започнува вакцинацијата на наставниците ангажирани за матурата

Од денеска започнува вакцинацијата и на наставниците кои ќе бидат ангажирани за полагање на Државната матура која започнува на 5 јуни.

Оваа група наставници е ставена во прироритетната листа за имунизација, имајќи предвид дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство на учениците и наставниците, но и дека е потребно барем еден месец за стекнување на имунитет.

Дел од наставниците од скопје ќе бидат вакцинирани уште денеска во спортската сала „Борис Трајковски”, дел од наставниците од внатрешноста ќе треба да дојдат во главниот град, а за останатите е најавено дека ќе бидат вакцинирани во регионалните центри во спортските сали.

 

Од министерството за образование и наука велат дека очекуваат сите наставници да се јават на вакциналните пунктови и да ја примат вакцината во интерес на своето и на здравјето на учениците.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content