СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

(Видео) Велигденска честитка од учениците од ООУ Блаже Конески Прилеп

Ова е најубавиот христијански празник, празник на љубовта и мирот.

Велигден е празник кој секое дете го препознава по шарените јајца. Всушност, јајцето е најпопуларниот симбол на овој светол празник. Од многуте адети поврзани за Велигден децата најмногу го сакаат кршењето со јајца.

На Велигден сите се кршат со велигденски јајца, а „победува“ оној во кого ќе остане здравото јајце. Според народните верувања, него ќе го следи здравје во годината која доаѓа.

 

Но, да оставиме за тоа да ви раскажат нашите ученици а ние од името на нашето училиште ви посакуваме од Велигден до Велигден да биде присутна кај сите вас ЉУБОВТА, ИСКРЕНОСТА, ДОБРОДУШНОСТА… и секогаш бидете она што и всушност сте, за да сите знаат колку е убаво да си бидете само СВОИ… Имајте среќни празници!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content