СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Подготвителен период за аплицирање за финансиска поддршка преку мерката седум од ИПАРД 2

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоото и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси” од  ИПАРД  2 програмата.

 

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони.

Нови погони за производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како и промоција на руралниот туризам. Ова значи дека со средствата од Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси” ќе може да се отвораат нови или да се модернизираат погони за тестенини, колачи, да се отворат или унапредат фарми за одгледување на зајаци, дивеч, полжави, слатководни риби, насади за дрва и дрвна маса, како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги и сместувачки капацитети, појасни Бачовски, се вели во соопштението од АДПЗРР.

Согласно програмата 65 проценти од прифатливите трошоци за реализиација на инвестициите ќе им бидат вратени на апликантите.

Откако ќе заврши овој рок од 30 дена за подготовка и прибирање на потребната документација за аплицирање, Агенцијата информира дека во наредниот период ќе објави повик за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси ” .

Апелираме до сите заинтересирани, при поднесување на апликациите да водат сметка и уште при аплицирање да го достават целиот сет на барана документација која е утврдена согласно Упатството за корисници на средства од ИПАРД 2, Мерка 7. Сите информации околу потребната документација може да се најдат на веб страна на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, информираат од АФПЗРР.

Преку мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси” се создаваат услови за развој на најмоќниот дел од економијата, а тоа се малите и микро претпријатија кои се моторот на домашната економија и кои ќе помогнат во развој на руралните средини. Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош, според АФПЗРР се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content