П.К., како невработено лице во текот на 2017 година поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата.
По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП по кој искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, но спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати.
Фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот – информираат од МВР.