Прогресот во нашата држава се искачува од 63 отсто на 74 отсто само за една година. Доколку се земат податоците и од 2020 година, верувам дека тој процент ќе биде уште поголем и поизразен поради целата оваа криза која нè втурна во дигиталните технологии, рече Неда Малеска од ЦУП.
Просекот на нивото на дигитални вештини кај младите од оваа возраст во Европската Унија е 83 проценти. Како земја пример за висок степен на дигитална писменост на младите во регионот, Малеска ја посочи Хрватска, што, рече, е директно поврзано со образованието и стратегијата на државата за подобрување на овие вештини.
Кај нас, многу заостануваме во однос на дигиталните вештини кај лицата од сите возрасти. Далеку сме од просекот на Европската Унија и од Велика Британија, каде што според податоците од Еуростат, 74 проценти е нивото на дигиталните вештини кај лицата од сите возрасти, за разлика од 32 проценти кај нас, додаде Малеска.
Центарот управување со промени (ЦУП) денеска на онлајн-конференција презентираше електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“.
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.