ДЕА ја поддржува борбата со нарко трговијата во Македонија

54

ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата. Пазарната вредност на запленетото наркотично средство на црниот пазар е речиси еден милион долари.

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот„Ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „Дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

 

ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content