СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Промена на темпратурата, пониски температури, дожд и снег на планините

Намалување на температурата, нови врнежи од дожд и од снег на планините најавуваат метеоролозите од утре во наредните денови, како и за време на викендот.

Од УХМР соопштија дека под влијание на влажен бран од утре ќе има зголемување на облачноста. Утре и в среда ќе преовладува поменливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар. В среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот

Дневните темпратурари утре ќе бидат од осум до 20 степени, среда од 10 до 18, четврток 9 до 16 степени, петок од 11 до 18, сабота од 9 до 15 и недела од 10 до 16 степени. Утринските во среда, четврток и петок на некои места ќе бидат под нулата, односно во четврток од минус два до пет степени, петок од минус четири до три и во сабота од минус два до четири степени.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content