СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Над 6 000 текстилни работници во земјава минатата недела се испратени дома, на колективен одмор, кој ќе им трае две недели.

Бизнис секторот оваа одлука, која силно одекна во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани ја образложи, со тоа дека нема ниту нови нарачки од странските партнери, ниту пак државна помош во исплата на плати, која е заглавена со Собранието.

Претставникот на штипските текстилни конфекции во Кластерот за текстил, Кирил Нашков вели дека оваа е преодна фаза и се во исчекување, што ќе се случи деновиве.

 

Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Секако ако остане ваква црна сликата, моја претпоставка е дека дел од вработените воопшто нема да бидат повикани назад на работа. Но, каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме, се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа, вели Нашков.

Над половина од штипските тектилни работници се на колективен одмор. Машините во погонети стивнаа, а автобусите со работниците изминатите шест дена во раните утрински часови и попладне не го прават сообраќајниот метеж низ штипските улици. Околу 7 000 работници работат во штипските конфекции, а според проценките на Нашков на принуден колективен одмор се околу 3 500 работници, вработени во околу 70 конфекции. Посочува дека државната помош од петтиот пакет на мерки не е за спас на фирмите, туку е за спас на работните места во реалниот сектор, кој се соочува со низа на проблеми и неизвесност, поради пандемијата и мерките во земјите од ЕУ, од каде што им пристиугнуваат и нарачките за работа.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека уште пред две недели алармирале дека ова ќе се случи, поради политички калкулации, а најголемиот удар ќе биде врз работниците од текстилниот сектор. Апелира пратениците веднаш да го донесат петтиот пакет на мерки, оти сиромаштијата им чука на врата на работниците. Голем број од штипските конфекции ја немаат исплатено февруарската плата, а работниците останаа и без здравствено осигурување во време на пандемија.

Она што го алармиравме минатиот период благодарение на вас медиумите, еве се случува работниците се пуштени на колективен одмор, поради недонесување на петтиот сет на мерки. Текстилните комапнии во Штип и источниот регион немаат веќе работа, ги завршија последните налози. Изминатиот викенд имавме јавувања за трансформации на договорите за вработување од неопределено на определено, бидејќи работодавачите немаат сигурност за тоа дали ќе имаат работа, нарачки наредниот месец. Затоа требаше да бидат донесени мерки, за да не се случува ова и вработените да имаа некоја сигурност. За жал политичките калкулации во Собранието си продолжуваат и тоа сето е на штета на работниците, вели Ампева за МИА.

Бизнис секторот и експертите бараат државната помош да продолжи до јуни.

Проценките се дека веќе кон средината на годината ќе се знае дали текстилниот сектор ќе опстане. Нашков посочува дека опствениците се надеваат дека во јуни ќе имаат нарачки и ќе се знае реално состојбата во текстилниот сектор. Во моментов конфекциите немаат нарачки за шиење на модна облека, се шијат само униформи, а само мал дел облека за медицинскиот персонал.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content