СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Во акцијата на МВР во која е запленета дрога приведен е командирот на ПС Прилеп

Попладнево е приведен командирот на полициската станица Прилеп.

Според првичните и неофицијални информации тој бил дел од групата која е фатена во шверц на дрога, во случај кој бил реализиран во соработка со американската агенција за борба против наркотици. Во моментов акцијата е се уште  во тек а детали од МВР најавуваат откако ќе завршат претресите.

За акцијата на Фејсбук информираше министерот Спасовски.

 

Во голема полициска акција заедно со американската агенција за борба против наркотици деа запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content