СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Забрана за движење од 20 часот, целосно се затвораат угостителските објекти

Се затвораат угостителските објекти, вежбалниците и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптовареност на здравствениот систем. Движењето во полицискиот час ќе биде дозволено само со посебни дозволи.

Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од утре, до 20 април годинава. Второ, на граѓаните кои извршиле имунизација, им се дозволува враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за извршена вакцинација. Целосна забрана за гости во угостителски објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски објекти. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети. Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници од 7 април до 20 април. Целосна забрана за гости во спортски клубови, сали, теретани. Се забранува организирање и учество во семинари, курсеви. Се овозможува движење на земјоделците со дозволи за движење. За време на забраната, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, да може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот најмногу до 100 метри од местото каде живеат – рече Заев.

Премиерот кажа дека здравствениот систем е оптоварен, па поради тоа биле потребни нови мерки.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content