СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Попис во септември, локални во втората половина на октомври, ќе се гласа со отисок од прст

Со синоќешното гласање Собранието и формално го одложи пописот во земјата кој наместо во април ќе се спроведе од 5 до 30 септември, а соодветно на тоа и локалните избори што најверојатно ќе се одржат на 24 или 31 октомври, предвидено со измените на Изборниот законик, како и гласањето со отисок од прст.

Одложувањето на пописот, воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори беа дел од договорот на средбата меѓу лидерите на двете најголеми партии во земјата премиерот Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Со поддршка подоцна излезе и лидерот на ДУИ Али Ахмети, додека против одложување на пописот беа партиите на опозицијата на Албанците, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, додека 12 против. Воздржани немаше. Со тоа пописот е одложен и ќе се одржи од 5-ти до 30 септември, а дотогаш ќе трае процесот на самопопишување на нашинците од дијаспората.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content