Локално
Заев на увид на модуларната болница и на изградба на градинка во Прилеп
Премиерот Зоран Заев денеска ќе изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница во Прилеп, каде што ќе присуствува и на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка.
Претседателот на Владата ќе биде придружуван од министрите за труд и социјална политика и за здравство, Јагода Шахпаска и Венко Филипче, и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.